Како да опремите мала спална соба

Поседувањето мала спална соба има свои недостатоци и предности. Од една страна е прилично тешко да се вклопи и да се собере се што е потребно да има во спалната, и исто така е предизвик да се најдат мултифункционални или флексибилни парчиња мебел. Од друга страна, мала спална соба е често поинтимна и дава чувство на удобност и топлина.

Креветот е најважниот мебел во спалната, па обидете се да најдете кревет што не е преголем, ни премал за вашата комоција. Помал кревет е најверојатно правилниот избор бидејќи околу него треба да има доволно простор и за другите посакувани елементи во собата.

6 5 4 3 2

- Реклама -