Како да одгледате дете во денешно време?

Сите како родители сакаме да дадеме се од себе, за да изгледаме здраво и среќно дете. Следат совети што ќе ви помогнат при таа цел.

Добра исхрана

68ce73bdbc1038b94e40f0bd0b3774b6

Одгледувањето на здраво дете, започнува со здравата исхрана. Лесно е со бебињата бидејќи тие или се дојат или се хранат според формула, па ги внесуваат потребните состојки во организмот. Кај малите деца здравата исхрана е комплицирана особено ако се децата пребирливи. Најпрво морате да им дадете пример. Не можете да очекувате да јаде салата, доколку вие не го практикувате истото.

Квалитетно поминато време со детето

100_0271

Најлесно е да го пуштите да гледа телевизија или да игра игри на компјутерот. Меѓутоа, потрудете се да издвоите малку време секој ден за физички активности. Одете во парк, играјте криенка во дворот, прошетајте го кучето… Истотака, испланирајте фамилијарна активност која вклучува гледање добар филм.

Спорт

83590550_XS

Покрај играњето со другарчињата надвор, за децата навистина значи доколку се занимаваат со некој спорт. Дознајте кој најмногу му олдговара. Можеби ќе се обиде во повеќе спортови, но најпосле ќе се пронајде себе, без форсирање чисто за рекреација, ако посака да се занимава посуштински со тоа, ќе дојде времето кога ќе дознаете.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Отворена комуникација

qualitytimewithchildren-623x416

Никогаш не е рано да разговарате за опасноста од дрогата, алкохолот или цигарите. Разговорот прилагодете го на возраста на детето, но бидете искрени и отворени. Децата разбираат и повеќе од она што ние мислиме.

Бидете добар пример кој ќе го следи

Mother and Daughter Making a Salad

Децата веројатно го прават она што и вие, а не она што ќе им кажете. Доколку сакате здраво да се хранат, морате и вие. Доколку сакате да бидат способни да развиваат значајна и здрава врска, морате да им покажете како. Децата обрнуваат огромно внимание на она што вие го правите.

Безбедност пред се

M

Укажете им на опасноста која демнее. Објаснете им зошто не треба да разговараат со непознати луѓе, не само дека не треба. Погрижете се за неговата безбедност, кога вие не сте покрај него.

Хоби

17kids.xlarge1

Гледате дека постојано пее, дека многу лесно учи странски јазик покрај компјутерот, или пак, гледа телевизија и постојано танцува по дома… Не чекајте запишете го на некое хоби. Верувајте дека ќе влијае како за неговата надградба и искуство, така и за поголемо снаоѓање во социјалниот живот.

- Реклама -