Полните и убаво обликувани усни допринесуваат до поатрактивен изглед на секоја жена. Еве како да ги зголемите без многу напор и труд, и секако, по природен пат.
Со неколку потези, вашите усни за пет минути ќе изгледаат супер-посакувани, а еве и како:
1. Нанесете малку вазелин на усните пред да ја земете во раце четката за заби (по можност да биде мека), и со истата, со мали кружни движења, направете си пилинг на усните.
2. Земете моливче за нијанса потемно од вашите усни и започнете да боите од средината на „Купидоновиот лак“. Од надворешните страни повлечете мека линија околу целите усни.
3. Повторно, започнете од средишниот дел на горните усни и нанесете што е можно понеутрален кармин на усните, користејќи притоа четкичка за усни.
4. Преку карминот нанесете го вашиот омилен сјај. За посуптилен изглед користете светли нијанси.
5. За да бидат вашите усни во центарот на вниманието, потрудете се остатокот на вашата шминка да биде што е можно подискретен, неутрален, за да би дошле вашите усни до израз.