Како да направите темелна проверка на телото?

Грижата за здравјето подразбира темелна проверка на телото барем eднаш на секои шест месеци. Надворешните симптоми, односно малите и навидум безначајни промени на телото можат многу да откријат. После туширањето, додека сте голи е вистински момент да го проанализирате вашето тело!

Кожа

Кога станува збор за кожата прва и основна работа која треба да ја проверите се бенките. Промената на нивната симетрија, бојата, границите и дијаметарот е прв индикатор дека треба да се обратите кај дерматолог. Особено посветет внимание на честата појава на црвенило на некои делови од кожата, особено меѓу прстите на рацете и нозете – можеби станува збор за егзем.

Minisite_Men_Expert_2011_Art016-583x328

Заби

Здравите непца имаат бледо розева боја, а доколку се црвени станува збор за воспаление од неправилно миење на забите. Белите точки на забите не треба да ве загрижуваат бидејќи тие се само знак дека сте претерале со флуорот. Јазикот не треба да биде мазен и сјаен бидејќи овој симптом најчесто се поврзува со анемија.

Очи

Во очите најчесто се забележуваат два симптоми: пожолтени белки и бледа внатрешност на очните капаци. Во приот случај може да се работи за заболување на црниот дроб, а во вториот за анемија. Жолтеникавите точки на белките се предупредување за висок холестерол.

gty_eye_writing_jef_120726_wg

Коса

Првутот и зацрвенувањето по фенирањето на косата може се знак за себореја, состојба која не е загрижувачка, но треба да се лекува за да не дојде до нагло опаѓање на косата. Доколку косата ви опаѓа премногу задолжително обратете се на лекар, а од друга страна доколку забележите дека станувате повлакнести по целото тело може се работи за синдром на полицистични јајници.

Раце и нокти

Белите дамки на ноктите не треба да ве загрижуваат, тие се само последица на претходна траума на истите. Вертикалните линии кои се појавуваат се нормална појава, додека пак хоризонталните линии укажуваат на хронично заболување поради што мора да се јавите кај специјалист.

Men-Nails

Врат

Отекувањето на вратот во долниот дел најчесто е симптом на проблеми со тироидната жлезда.

- Реклама -