Постојат секакви видови на дизајн на заштитни футроли за модерните уреди на пазарот, достапни за секого кому му се потребни.
Но, сите знаеме дека она што ќе го направиш сам има посебно значење и вредност за нас. Затоа, ви претставуваме еден кул начин со кој ќе го разубавите и заштитите со еден несекојдневен изглед, кој не се наоѓа во продавниците.
Фото 1 и 2: Со скалпер исечете ги листовите… тетратката треба да има тврди корици.
Фото 3 и 4: Отстранете ја пластичната внатрешност од кутијата во која сте го земале iPad-от, и обележете ја длабочината до каде треба да исечете.
Фото 5: Обележете ги мерењата по целата пластика.
Фото 6 и 7: Со скалпер внимателно сечете.
Фото 8: Исечете ја страната од останатата пластика.
Фото 9: Исечете ги двата агла до пластиката.
Фото 10, 11 и 12: Пластичните страни ставете ги во тетратката.
Фото 13, 14, 15 и 16: Употребете две ластици за коса за да ги споите аглите на тетратката со пластиката.
Фото 17, 18, 19 и 20: Користејќи еластична врвка со игла зашијте ја по должина на тетратката за да го држи iPad-от на место.