Сода бикарбоната е основа на сите природни дезедоранси кои ги ублажуваат непријатните мириси, а етеричните масла, особено оние со цитрусни ноти, додаваат доза на свежина во топлите денови.
Голем број на дезедоранси на пазарот го ублажуваат непријатниот мирис на потта, но содржат опасни хемикалии како што е парабенот. Подобар избор се секако дезедорансите на природна база, направени од состојките од вашата кујна, а нивната предност е тоа што тие се прават за само неколку минути.
Дезодоранс со кокосово масло
Состојки: 1/4 чаша сода бикарбона, 1/4 чаша пченкарно брашно, 5 лажички масло од кокос, неколку капки етерично масло.
Подготовка: Измешајте ги сода бикарбоната и пченкарното брашно, а потоа додадете го кокосовото масло. Се мешаат состојките и додадете неколку капки етерично масло по желба, од портокал или лаванда. Цитрусните мириси ќе им дадат доза на свежина.
Дезодоранс со путер
Состојки: 3 лажици масло од кокос, 3 лажички сода бикарбона, 2 лажици путер, 2 лажици пченкарно брашно, етерични масла.
Подготовка: Стопете го путерот и маслото од кокос на средна топлина. Тргнете ја смесата од оган па додадете го пченкарното брашно, сода бикарбоната и етеричните масла и измешајте сè заедно. Оставете да се излади во фрижидер.
Дезедоранс со маслиново масло
Состојки: 1 лажичка сода бикарбона, 2 лажици пченкарно брашно, маслиново масло.
Подготовка: Измешајте ги сода бикарбоната, пченкарното брашно и неколку капки маслиново масло. Прашестата мешавина нанесете ја под пазувите и оставете да делува. Маслиновото масло може да го замените и со кокосово масло или во потполност да го изоставите. Дезодорансот ќе биде секако ефикасен.