Како да направиш да ти го вратат изгубениот новчаник

F
F

Чуваш слика од дечко ти во новчаникот? Од твоите? Од децата? Од кучето? На добар пат си.

Професорот Ричард Вајзман од универзитетот во Хертфордшир – психолог, реши да испита каква слика во новчаникот најмногу ги зголемува шансите да ви го вратат, во случај да го изгубите. Дизајнирал експеримент наменет да биде спроведен на улица.

Тој и неговиот тим „фрлиле“ 240 паричници ширум градските улици на Единбург, само за да проверат колку ќе бидат вратени на нивните сопственици.

По содржина, новчаниците биле многу слични. Разликата била во тоа што едните содржеле слика од слатко бебе, другите од кученце, третите од семејни портрети, а четвртите од постари брачни парови. Имало и друга група, кои немале фотографија, а наместо тоа содржеле било каков индикатор што укажувал на тоа дека сопственикот е многу хуман и дарежлив.

Што мислите, кои најмногу им го смекнале срцето на наоѓачите?

novchanik

Само 15% од паричниците без фотографија биле вратени. Тие со фотографија од стари брачни двојки поминале најлошо помеѓу паричниците со фотографија – вратени биле само 28%. Оние со семејни портрети поминале подобро, со 48-процентна стапка на враќање, а слично било и со тие со слатко кученце – 53%.
Можеби претпоставивте дека тие со фотографија од слатко бебе најмногу ја погодуваат совеста на наоѓачите, ама тешко дека го претпоставивте процентот – неверојатно високи 88 проценти!

Па ете, играјте на психолошката карта и подметнете некоја бебешка слика. Ако имате бебе, веќе ја носите, ако немате – има Интернет. И да се разбереме, резултатите сигурно би варирале од град во град, исто како што варира и карактерот на наоѓачите.

- Реклама -