Како да му кажете на некој дека има лош здив

los-zdivВашиот партнер/ка, шеф или некој друг кој зборува со вас има лош здив, а незнаете како да му кажете? Ако не сакате да навредите никого, еве неколку начини како да го направите тоа посуптилно и не толку директно.

Вашиот партнер/ка, шеф или некој друг кој зборува со вас има лош здив, а незнаете како да му кажете? Ако не сакате да навредите никого, еве неколку начини како да го направите тоа посуптилно и не толку директно.

300px-San-Gennaro-festival-Sep-2009---10-37231. Понудете и на личноста гума за џвакање
Прво земете си една за себе, па после учтиво понудете и на личноста. Ако ве одбие можете да кажете дека тоа е нова марка и мора да ги проба.

2. Ако се работи за вашата сакана личност, искористете го бакнувањето како охрабрување
Секогаш можете да кажете „Сакам да те бакнам веднаш откако ќе ја изџвакаш таа мастика. Толку е освежувачка и прекрасна!“ Дури можете да си направите и интересен ритуал: бакнете се веднаш откако тој/таа ќе изџвака мастика, изеде чоколатце или веднаш после миењето на забите. Вашата сакана личност несвесно ќе се навикне, па ќе го користи ова за да изнуди бакнеж од вас. А и може да сфати за што се работи, па ќе почне повеќе да внимава на својата орална хигиена.

3. Понудете и на личноста грицки или пијалак
Понекогаш луѓето имаат лош здив само затоа што устата им е сува. Речиси секакви грицки или пијалак ќе помогнат, па дури и чаша вода. Само не им нудете храна или пијалак кој уште повеќе ќе им го расипе здивот, како на пример млеко или нешто со лук или кромид во него.

4. Преправајте се дека вие имате лош здив.
Речете: „Ух, имам некој чуден здив. Немам јадено неколку часа, можеби затоа. Дали имаш некаква мастика?“ Понекогаш токму тоа ќе ја натера другата личност да се запраша за својот здив и како да го поправи истиот.

5. Најдете начин да зборувате за оралната хигиена.
Целта на ова е да им ја подигнете свеста за нивната хигиена. Секако, водете го разговорот во зависност од тоа колку добро ја познавате личноста. Неколку примери:
– „Секогаш заборавам да ги исчистам со конец забите. Мојот заболекар постојано ми кажува, а и сум забележал дека кога ги чистам, мојот здив не е толку лош како порано. Дали ти ги чистиш со конец забите?“
– „Дали си користел/а од оние чистачи за јазик? Наводно, бактеријата која предизвикува лош здив најчесто се наоѓа на јазикот. Дали знаеш како се користат тие?“

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

6. Учете ги со пример
Практикувајте добра орална хигиена пред таа личност колку можете почесто. После јадење, на пример, извинете се и кажете дека морате да си ги измиете забите. Носете си конец за чистење и понудете ги да користат.

7. Бидете суптилно искрени
Ставете се на нивно место. Како би ви било вам кога би ви го кажале тоа? „Твојот здив е чуден/лош/интересен, земи мастика“ – е засрамувачки и навредувачи. Наместо тоа, прво вие проверете си го вашиот здив пред таа личност, па понудете и мастика. Ако не сфати за што се работи, обидете се на некој друг, но учтив начин.

8. Водата е решение
Како што рековме, дехидрираната уста може да е причината за лошиот здив. Водата е дури и подобро решение од мастика или бонбони. Не секој пијалок ќе ја поправи работата. На пример, пијалаците со шеќер можат да го влошат здивот. Понудете и на личноста вода од вашето шише, а ако немате вие вода, предложете и да одите до фонтаната и да се напиете. Веројатно ќе сака и таа да дојде.

9. Немелено кафе
Ако работите во кафуле или на друго место со луѓе, сè што треба да направите е да ставите неколку зрна немелено кафе во устата и потоа да ги плукнете. Мирисот од кафето секогаш ќе биде попријатен отколку мирисот на вашиот штотуку изеден оброк. Ова важи за моментите кога немате мастика во вас.

10. Внимавајте
– Секој може многу да се навреди и засрами ако му кажете за лошиот здив.
– Секоја тема за личната хигиена е многу осетлива. Употребете тактика и дискреција.
– Лошиот здив може да биде резултат на дентален или друг здравствен проблем.

- Реклама -