Сигурно не ви се случило само еднаш да ставите во машината маици со една големина, а да ја извадите за еден број помала поради погрешно наместена температура.
Не очајувајте, и за тоа постои решение.
1. Во еден сад истурете топла вода, а внатре додадете бебешки шампон.
2. Собраните маици или било кои други парчиња од гардеробата ставете ги да отстојат во таа вода, а повремено нежно протријте за да се опуштат влакната.
3. После пола час извадете ја маицата од водата, но без цедење и вртење, туку само полека стиснете да излезе вишокот вода.
4. На рамна површина раширете еден пешкир и на него легнете ја маицата, па пешкирот свртете го за го впие вишокот од влага.
5. Оставете го така во ролна да отстои дваесет минути, а потоа одвртете го пешкирот.
6. Раширете нов, сув, пешкир и на него нежно истегнете ја маицата колку што можете.
7. Оставете ја маицата да се исуши на пешкирот, а ако не сте задоволни со резултатот, повторете ја постапката.