Комбето на Кад Истбаунд произведено во 1977 година, има извозено голем дел од Северна Америка, но за оваа зима неговиот сопственик има предвидено нешто сосема ново. Старото комбе кое Кад го нарекува „Ноќна опасност“, нема потреба да се „измачува“ по замрзнатите патишта во ладните денови.
Всушност, се што ова комбе има за задача да прави во текот на зимата, е да ги чува Кад и неговото куче во топла атмосфера. Имено, после два месеци патување низ прекрасните природни предели на Канада, Кад одлучил да остане сместен во текот на целата зима во Досон Сити, Јукон.
Надополнувајќи ја надворешноста на комбето со купови слама, а внатрешноста со печка на дрва, се чини дека Кад и неговиот миленик немаат потреба да се грижат за ладните зимски денови.