Како да ја претворите визбата во бонус соба?

Дали во последно време имате чувство како вашиот дом да станува претесен? Немате тивок простор каде ќе можете да ги завршите вашите работни обврски, или пак каде вашите деца ќе можат да ја напишат домашната работа без притоа некој да им пречи? Доколку имате визба во вашиот дом, можеби е време да размислите да ја претворите во уште една, малечка но корисна соба.

Пред да се нафатите и вие на еден ваков експеримент, важно е да бидете искрени со себе, и да си признаете кои од предметите кои зафаќаат простор во визбата, ви биле од корист во изминатата година или две. Се бројат на прсти, нели?

Ејми Ален Кларк имаше очајна потреба за уште една соба во нејзиниот дом, па целиот процес на претворање на визбата во удобно катче за нејзиното семејство, го фотографирала, и потоа го поставила на својот блог. Најважно, како што вели таа, е да се распознаат непотребните работи од визбата и целосно да се отстранат од домот, а на останатите да им се најде ново, соодветно место.

Потоа, важно е убаво да ја исчистите и бојадисате собата, а останатото, со скромни средства, е препуштено на вашата креативност, вкус, имагинација и предмети со кои веќе располагате.

Погледнете го примерот на Ејми.

Пред:

Shed-Before-11 Shed-Before-1 Shed-Before-2 Shed-Before-3 Shed-Before-4 Shed-Before-5 Shed-Before-6 Shed-Before-7 Shed-Before-8

Потоа:

Shed-Makeover-IdeasShed-Makeover-Ideas-11 Shed-Makeover-Ideas-12 Shed-Makeover-Ideas-15 Shed-Makeover-Ideas-17 Shed-Makeover-Ideas-18 Shed-Makeover-Ideas-20 Shed-Makeover-Ideas-21 Shed-Makeover-Ideas-22 Shed-Makeover-Ideas-25 Shed-Makeover-Ideas-27  Shed-Makeover-Ideas-6 Shed-Makeover-Ideas-7 Shed-Makeover-Ideas-8 Shed-Makeover-Ideas-9 Shed-Makeover-Ideas-10

- Реклама -