Како да ја подобрите мотивацијата

МотивацијаЗа секоја работа што ја работиме потребна е мотивација. А мотивацијата многу лесно може да се загуби, со што и работата станува безначајна. Овие 11 совети ќе ви помогнат да ја подобрите, без разлика дали се работи за професионални или лични подвизи.

За секоја работа што ја работиме потребна е мотивација. А мотивацијата многу лесно може да се загуби, со што и работата станува безначајна. Овие 11 совети ќе ви помогнат да ја подобрите, без разлика дали се работи за професионални или лични подвизи.

Мотивација1. Јасно зацртајте ја целта

При одредување на целта, бидете колку што можете поспецифични, без разлика дали се работи за намалување на тежината, заштедување пари за одмор, завршување некој проект. Кога знаете точно каде одите, ќе ви биде полесно да го задржите фокусот.

2. Одредете точно зошто ви е важна таа цел и замислете си го резултатот

Ако сакате да ја намалите килажата, дали подобрената форма и зголемената кондиција ќе ви причинуваат задоволство? Дали патувањето на дестинацијата што сте ја замислиле за вашиот одмор ќе ве израдува? Дали завршениот проект ќе ве исполни? Кога го знаете крајниот резултат, многу е полесно да посегнете по него.

3. Користете визуелизација

Затворете ги очите и замислете си дека сте ја оствариле посакуваната цел. Почувствувајте го моментот. Запомнете го чувството. Секогаш кога ќе ви се намали мотивацијата, повторете ја оваа вежба, за да се потсетите зошто е важно да продолжите.

4. Запишете ги целите

Ставањето на вашата замисла на хартија секогаш е поефективно отколку едноставното замислување. Ако таа е материјализирана, тогаш секојдневно ќе можете да ја гледате и да се потсетувате на неа. Без разлика што и да правите, попатно ќе имате искушенија и предизвици, но ако останете фокусирани, ништо нема да може да ве поколеба. Патем, не заборавајте хартијата да ја оставите на видно место.

5. Поделете го подвигот на мали етапи

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Доколку планирате да симнете 5 килограми од себе, тогаш зацртајте си дека ќе симнете 5 пати по еден килограм. Вака, полесно ќе стигнувате до целта и ќе се мотивирате дополнително при поминување на секоја етапа.

6. Планирајте

Испланирајте го секој ден однапред. На пример, доколку целта ви е намалување на килажата или враќање во форма, исплаирајте дали ќе правите кардиоваскуларни вежби или ќе вежбате со тегови и колку ќе бидат напорни вежбите. Ако не оставите простор за двоумење, помали се шансите да ви се намали мотивацијата.

7. Секојдневно враќајте се на плановите, потврдете ги успесите и подесете ги плановите доколку е потребно


8. Создадете си позитивна атмосфера

Бидете опкружени со луѓе што ќе ве поддржуваат во вашата намера. Секое патешествие со себе носи и бројни назадувања. Најважно е да останете фокусирани, а нема подобар начин отколку имањето поддршка. Запомнете, при патешествијата, не е важна само крајната дестинација, туку и она што се случува попатно.

9. Насмејте се на проблемите и прославете го успехот

Без разлика каква ви е зацртаната цел, попатно ќе наидете на проблеми. Затоа што знаете дека треба да ги очекувате, едноставно насмејте се кога тие ќе наидат. А, секогаш штом ќе поминете една етапа од вашиот план, прославете го тоа. Опуштете се, излезете со пријателите, едноставно исчистете си ги мислите на момент.

10. Бидете одговорни

Никој не може да ја постигне вашата цел, освен вас. Ако сериозно му пристапите на она што го правите, тогаш и тие околу вас сериозно ќе ве сфатат.

11. Контролирајте го планот што сте го зацртале, никогаш не дозволувајте тој да ја преземе контролата

- Реклама -