Како да излечите изгореници од сонце во домашни услови

Повеќе... Да се биде на плажа и во вода е толку забавно што лесно се губи чувството за време, а последиците од прекумерното изложување на сончеви зраци можат да бидат многу непријатни. Доколку сте претерале со сончање, па чувствувате пецкање и болка, можете да го забрзате заздравувањето со неколку нешта кои веќе ги имате во фрижидерот.


how-to-heal-sunburn-af.jpgДа се биде на плажа и во вода е толку забавно што лесно се губи
чувството за време, а последиците од прекумерното изложување на сончеви
зраци можат да бидат многу непријатни. Доколку сте претерале со
сончање, па чувствувате пецкање и болка, можете да го забрзате
заздравувањето со неколку нешта кои веќе ги имате во фрижидерот.

Јогуртот како гел
Јогуртот е едно од најефикасните средства за смирување на воспалителните процеси – изгорениците ги разладува како гел. Се нанесува на болното место и се држи најмалку 20 минути, а најдобро е  да го оставите да стои неколку часа.

Лековита облога
Измешајте пет лажици чај од нане, две лажици маслиново масло и лажица јаболков оцет. Со овој раствор натопете стерилна газа и ставете ја на изгореницата.

Алое
Ако во фрижидерот имате алое, нанесете го обилно на местата каде сте изгорени, бидејќи тоа многу ефикасно ги ублажува тегобите.

Доколку имате и температура и чувствувате мачнина, најдобро е да побарате лекарска помош.

- Реклама -