Би сакале ли да инвестирате како најбогатиот човек кој живеел некогаш?
Џон Дејвидсон Рокфелер е маж со скромно потекло, но е движечка сила зад импресивниот подем на “Standard Oil” – компанијата која го направи првиот милијардер во светот – и така сè до неговата смрт во 1937 година, кога почина на 97 години.
Активата на Рокфелер е во вредност од околу 1,5 проценти од вкупното производство на Америка. Во денешни пари тоа изнесува околу 340 милијарди долари – богатството на Ворен Бафет или Бил Гејтс помножено неколку пати.
Рокфелер го демонстрира својот талент за бизнис едвај на 7-годишна возраст, како што самиот кажува во својата книга “Random Reminiscences of Men and Events”.
„Го започнав првиот бизнис потфат со помош на мајка ми. Поседував неколку мисирки, а таа ми даде урда од млекото за да ги прехранам. Се грижев за нив и потоа ги продавав. Сите мои приходи беа чиста добивка, бидејќи немав извештаи за трошоци, но ги чував сите свои сметки во најдобар можен начин “, пишува Рокфелер.
На 14 години тој учи една особено важна лекција – да ги инвестира своите пари.
Тогаш имал заштедени 50 долари, чиј еквивалент денес е околу 1500 долари. Сумата била заработена од продажбата на мисирки и од извршени задолженија за семејството и соседите. По препорака на мајка си младиот Џон му ги дава парите на локален земјоделец против 7 отсто камата за една година. На крајот ги добива назад 50-те долари плус уште 3,50 долари. Некаде во тоа време добива 1,12 долари, откако 3 дена вади компири за својот сосед. Момчето родено во Кливленд сфаќа дека ова плаќање е премногу скромно и претставува под 1/3 од каматата која е добиена за вложените 50 долари. Џон решава дека ќе ги натера парите да работат за него.
„Немам спомен дека тешката работа била нешто ново или чудно за мене. Бевме научени да работиме, да заштедиме и да ги инвестираме пари. Во моето семејство, бизнис обуката започнуваше со раѓањето “
Рокфелер.
Тој не се впуштил во претприемачка кариера премногу рано. По средното училиште каде што покажал голем успех во математика и особено во аритметика, тој поминал 10 недели во трговски колеџ, каде што студирал сметководство, бизнис и банкарство.
Потоа собрал практично искуство во “Hewitt & Tuttle” – фирма посредник, која се занимава со земјоделска продукција. Рокфелер ги импресионирал своите шефови со својата работливост и решителност, а наскоро му биле доделени сложени трансакции во име на компанијата. Неколку години подоцна му било одбиено покачување што тој бил сигурен дека го заслужува.
Тогаш Џон имал 19 години и започнал бизнис партнерство со Англичанец по име Морис Кларк.
„Бевме просперитетна фирма од самиот почеток. Направивме 450 000 долари уште првата година, иако целта ни беше да заработиме околу 4400 долари”, вели Рокфелер.
Фирмата рапидно расте, но тој се плаши дека ќе стане жртва на една од најголемите промени во американската економија – подемот на железниците. Неговата фирма успева делумно поради својата местоположба во Кливленд, на брегот на езерото Ири, што е идеално за транспорт на производи преку бродови.
Рокфелер почнува да бара други можности – и ги наоѓа во нафтата.
Петролот е откриен во Пенсилванија во 1859 година, а Рокфелер влегува во бизнисот со црно злато во 1862 година, повторно во партнерство со Кларк. Овој потфат не го жнее саканиот успех и патиштата им се разделуваат. Рокфелер подоцна купува на аукција фабрика за 72.500 долари. Тој позајмува голем дел од парите за да ја исплати фабриката.
Овој бизнис, преку една долга серија на спојувања и превземања, на крајот се претвора во “Standard Oil” – гигантска компанија која оперира не само во САД, туку и во целиот свет.
Рокфелер верува во ефикасноста и ограничувањето при производствениот процес. Тој создава процеси и производи со кои се гарантира дека секој дел од суровата нафта се користи за корисна цел. Џон прави така што ги купува компаниите на конкурентите и “Standard Oil” станува фактички монопол во индустријата.
За да ја финансира оваа необична експанзија, Рокфелер ја реинвестира добивката на фирмата, но треба да заземе уште пари. Всушност многумина го опишуваат како “голем заемопримач”.
Откако шеф на банка го предупредува дека ги зел речиси сите пари од неа и дека директорите сакаат да го видат веднаш, Рокфелер вели: “Добро, ќе се видиме. Сакам да земам уште поголема сума “.
Животот на Рокфелер е силен доказ на теоријата дека единствениот начин да станеш навистина богат, е да почнеш свој бизнис. Но, постојат некои аспекти од пристапот на Рокфелер, кои се вредни лекции и за обичните инвеститори. Само по себе се разбира дека тој е од типот на луѓе кои купуваат и одржуваат. Ги користи компаниите кои претходно ги стекнал, за да го засили “Standard Oil”, наместо да ги продава за поголем профит. Рокфелер бил решен да стане компанија која е единствената во секторот. Оваа стратегија наоѓа примена кај некои менаџери на фондови кои купуваат акции само во компаниите, кои доминираат на нивните пазари. Друго правило на Рокфелер е да го инвестира профитот назад во сопствениот бизнис. Тој е и еден од основачите на Федералниот Трезор на државите – институцијата која ја контролира националната валута.
Комбинацијата од среќа, напорна работа, увид и безскруполозност го претвораат Џон Д. Рокфелер во најбогатиот Американец. Наутро Рокфелер појадува леб и млеко, а навечер јаде неколку јаболка. Џон има особени гледишта за филантропијата и верува дека добротворноста не треба да се истакнува.