Многу жени кои се бојадисуваат имаат проблем со брзото растење на косата или со недостиг на време поради што никако не можат да закажат фарбање кај фризерот или да издвојат неколку часа во денот да викнат пријателка на „beauty сеанса“.
Меѓутоа, не очајувајте затоа што постојат мали трикови со кои може да го избегнете непријатниот изглед што го предизвикува пораснатиот корен. Еве што треба да сторите.
Доколку разликата од бојадисаната и природната боја на косата е видлива никако не смеете да ја пеглате косата и да носите права фризура. Врзувајте ја косата или направете локни.
Доколку се бојадисувате во потемни бои, може да купите прелив за темна коса кој ќе ви помогне да го сокриете коренот.
Доколку коренот не ви е многу видлив, може да ви помогне венче или трака за коса.
Исто така, коренот помалку ќе ви се познава доколку косата ви е исфенирана со богат волумен.