Колку и да се трудите, порано или подоцна екранот на вашиот смартфон ќе биде прекриен со гребнатини. Сепак, постои начин за да ги отстраните оштетувањата и да го вратите екранот до статус „како нов“.
Земете малку паста за заби и ставете ја на парче памук или платно. Со кружни движења тријте ја оштетената површина, нежно притискајќи. Бидете упорни, а штом гребнатините ќе исчезнат, избришете ја пастата со сува крпа. Потоа помешајте малку вода со бебешка пудра, со цел да добиете паста што ќе му даде на екранот висок сјај. На истиот начин истријте го екранот, а потоа избришете го со сува крпа.
Уживајте во вашиот нов телефон.