Сите имаме наши начини како да го направиме позабавно користењето на јавниот превоз. Некои слушаат музика, други читаат книга, а трети пак играат игри на телефонот. Сепак, еден креативен и чест патник, си го прави позабавно возењето на еден малку поинаков начин. Имено, тој редовно со себе носи весник, од кој ликовите кои се објавени во него ги мести под правилен агол, така што ги соединува со случајните патници. Резултатот од аматерските фотографии е навистина смешен. Неговите дела први ги објави популарниот весник „New York Daily News“, по што многумина започнаа да се придружуваат на овој вирален тренд.