Само неколку килограми повеќе и може да се збогуваме со омилените фармерки. Но, тоа повеќе не мора да биде така со едноставен „направи сам“ трик со кој панталоните ќе станат поголеми дури за два броја, а кога ќе ослабете ќе може да ги вратите во првобитната состојба.
1. Распарајте ги фармерките по шевот, а појасот од панталоните исечете го на местото каде што сте го отпарале материјалот.
2. Исечете големо парче ластик или некој друг еластичен материјал со слична боја и ставете го од внатрешната страна. Рабовите на фармерките свиткајте ги кон внатре и прицврстете го со шпенагли.
3. Сошијте го материјалот по рабовите и вашите фармерки се покомотни и поголеми за два броја, а може да ги носат и трудници.
Кога ќе се вратите на старата килажа фармерките може повторно да ги вратите во првобитната состојба.