Постојат различни методи за отстранување на влакната од лицето.
Некои од нив се навистина ефикасни, во кои жените се впуштаат во електроепилација, фото и ласеркса епилација, но воопшто не се евтини и бараат поголема потрошувачка.
Во оваа статија може да се разгледаат народни методи за епилација на влакната на лицето во домашни услови, кои не бараат посебни финансиски трошоци а се подеднакво ефикасни.
Домашен метод за откстранување на влакната со сода бикарбона.
Овој третман е неопходно да се спроведе во вечерните часови, пред спиење. Измешајте 1 лажица сода бикарбона со 200 мл зовриена вода, излешајте и оставете да се излади. Потопете во смесата мало парче памук или газа, исцедете и ставете го на областите каде растат несаканите влакна. Фиксирајте го со фластер или трака и оставете го преку ноќ. Наутро, откога ќе го отстраните од лицето, не заборавајте да нанесете хранлива крема на проблематичната област. Веќе по 2-3 третмани ќе забележите позитивни резултати: влакната од лицето ќе почнат да паѓаат.
Друг народен метод за отстранување на влакна од лицето е обичен јод од аптека.
За подготовка на овој народен третман ќе ви биде потребно:
2мл јод
1,5мл амонијак
40мл 96% алкохол
10мл рицинусово масло
Измешајте ги сите состојки заедно и оставете ја смесата додека не стане безбојна. Оваа смеса треба да ја нанесете на деловите од лицето со несаканите влакна секое утро и вечер. Влакната ќе почнат да се намалуваат по неколку дена на употреба. Постојат тврења дека ова е решение за трајно отстранување или намалување на влакната од лицето.
Народен метод за елиминирање или намалување на влакната на лицето со масло од коприва
Овој рецепт на ефикасен лек е познат уште од античките времиња, и е користен како третман за убавина во 17 век, а тоа е следниов:
Ставете 3 лажички семе од коприва во 100мл било кое растително масло. Оставете да стои 14 дена на топло место.
Откога ќе го процедите низ цедалка, ставите ја смесата во стаклена тегла и затворете го капакот. Секоја вечер, нанесете на парче памук или газа натопена во маслото од коприва на проблематичните места на лицето и оставете да стои половина час. Потоа, измијте го лицето со топла вода и сапун. Третирајте го лицето на овој начин, додека влакната не паднат целосно.
Лукот како ефикасен лек за отстранување на влакната од лицето
Нанесете свежо исцеден сок од лук на проблематичните делови на лицето неколку пати во текот на денот. Оставете го сокот од лук на вашето лице половина час за да постигнете максимални ефекти. Потоа, исплакнете со млака вода и нанесете хранлива крема за лице.
Било кој од методите и да изберете, ќе ви помогне да се справите со овој проблем и ќе ја направи кожата на вашето лице нежна и убава.