Летото е веќе тука и конечно можеме да излеземе со боси нозе, без чорапи и гломазни кондури и чизми. Дојде времето за сандалите и папучите. Ова лето хит се сандалите со живи бои и необични модели. Но сепак, вашиот избор треба да зависи и од обликот на вашата нога, како и од личниот вкус.
Сандалите со ниски потпетици и тенки каивчиња се идеални за девојките со тесни зглобови, додека за девојките со јаки листови се препорачува полуотворени сандали со висока штикла, зошто визуелно ја издолжуваат ногата. Со овој тип на нозе одлично одат и сандали со мала платформа.
Доколку сте спортски тип и имате извајана нога со изразена мускулатура, идеална летна обувка за вас се дрвените налани. Тие ќе ги истакнат атлетскиот облик на вашите листови, а истовремено и визуелно ќе ги издолжат вашите ноги.
За долги ноги добар избор се и гладиаторките, а доколку имате премногу слаби ноги би било добро да се одлучите за светли модели со платформа, зошто така ќе се постигне екстра волумен. Каивчињата исто така би требало да бидат тенки.
Меѓутоа ако имате подебели ноги и зглобови избегнувајте ги сандалите со каивчиња преку долниот дел на ногата, зошто така визуелно ја скратуваат ногата. Бирајте обувки кои откриваат што повеќе кожа.