Kако да ги избегнете испуканите врвови на косата

Испуканите врвови се најголем непријател на убавата коса.За да биде вашата коса секогаш здрава и убава, ви откриваме како да ги избегнете испуканите врвови.

– По миењето вишокот од вода отфрлете го со рацете, немојте веднаш да ја ставате косата во пешкир.

–  Откако ќе ја замотате немојте да триете со пешкирот туку понежно тапкајте за да ја исушите.

– Немојте да ја чешлате додека е мокра.

– Користете четка направена од природни материјали.

– Не ја врзувајте во опавче, додека  е мокра.

– Колку што е можно, избегнувајте фен и преса.

– Пред обликување, нанесете производ кој ќе ве заштити од топлината.

– Редовно кратете ги врвовите ( на секои шест до осум седмици).

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

– Производите за обликување и зацврстување користете ги во што помали количини.

– Еднаш седмично на косата нанесувајте хранлиа маска.

– Користете регенератор за длабочинските делови.

- Реклама -