Ви здосадија поканите за игри или да кликнете ‘like’ за да помогнете на некој пријател да добие поени? Овде ќе Ви покажеме како да станете професионлец кога станува збор за менаџирање на апликации на Facebook и да ги блокирате. Нема веќе здодевни покани за игри.
Блокирање на апликации
Не играте Candy Crush Saga или FarmVille, но Вашите пријатели не го следат Вашиот пример. Тоа значи само дека сте преплавени со нотификации за да играте некоја игра или да користите друга апликација за која што не сте заинтересирани. Еве како да блокирате покани од одредени корисници или апликации.
Го наоѓате менито за поставувања на сметката кое се наоѓе (барем во моментов) на менито кое се спушта кога ќе ја изберете иконата веднаш до вашето име горе во десниот агол. Овде бирате блокирање во левото странично мени.
Овде можете да блокирате пријатели за да не ви праќаат покани за апликации, како и комплетно да блокирате апликации . Доволно е само да го внесете името на апликацијата (или личноста која ви додева со покани) и да ги зачувате Вашите промени. Апликациите сеуште ќе можете да ги видите во Вашите Новости преку реклами или други постови, но нема да примате покани за нив.
Кога ќе добиете покана за некоја апликација, можете веднаш да го кликнете “Х” до известувањето со што ќе можете да изберете дали сакате да ги стопирате известувањата од таа апликација. Истата е блокирана.
Криење на активностите од некоја апликација од Новости
Еве како да ги тргнете тие досадни приказни од Вашите новости (иако сеуште ќе се прикажуваат рекламите за нив). Нареднит пат кога ќе забележите вакво нешто, застанете кај новоста и кликнете на стрелката во нејзиниот горен десен агол и изберете Сокриј. Овде бирате дали ќе ги бришете активностите од личноста или од апликацијата која стои позади тој пост. Јас би ги одбрала двете доколку се работи за рпијател кој постојано игра игри на Facebook.
Бришење на апликации од Вашиот Facebook профил
Се случува, еве играте и Вие игри. За да ги тргнете од Вашиот профил, вратете се во прилагодувањата за сметката, но овојпат во делот Апликации. Тука ја имате листата на сето она што е поврзано за Вашиот профил. Истите може да се отстранат со кликање на “X” од десната страна кај апликацијата . Може да се избере и бришање на целокупната Ваша историја поврзана со аплиацијата кога при отстранување на истата ги штиклирате Избришете ја целокупната Ваша активност на Facebook.
Сега ги имате потребните информации за да го средите Вашиот профил кога станува збор за апликации. Па, во акција!
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk