Како да доживеете оргазам во исто време?

Многу ретко се случува партнерите истовремено да доживеат оргазам, но тоа не значи дека тоа не е можно. Еве неколку совети како да го постигнете тоа:

Опуштете се

За време на сексот не треба да се заморувате со тоа дека баш мора истовремено да го доживеете сексуалниот врв. Дозволете сето тоа да се случи спонтано, секако со малку труд. Пред се, одлично би било добро да се познавате со партнерот- и духовно и телесно. Треба да знаете што сака тој, кои се неговите ерогени зони, кои се неговите омилени пози…

couple_bed

Исто така, не треба да се срамите од вашиот партнер, затоа што доколку воопшто сакате истовремено да доживеете оргазам, треба отворено да кажете што ви одговара, а што не, што сакате, а што не, а не целовремено да “навигирате“ и да барате се да биде по ваше.

Одложете го врвот

На жените многу почесто им треба малку повеќе време да дојдат до оргазам, па затоа не би било лошо и вашиот партнер несебично да ве почека. Се препорачува мажот да биде во поза која помалку му одговара, а жената да биде во поза во која најлесно доживува сексуален врв. Контролирајте го нивото на возбуда и синхронизирајте го со она на вашиот партнер.

sexy-couple

Разбудете ја вашата фантазија

Некогаш е неопходно да ја разбудите и вашата фантазија, а притоа можете да ги искористите сите можни помошни средства: шепкање, бакнежи, пријатна музика, мирисливи свеќи…..Еднаш кога ќе доживеете истовремен оргазам, секој нареден пат тоа ќе биде полесно, но не значи дека тоа секогаш ќе ви поаѓа од рака.

tumblr_m2n1zxDQp31rot3h3o1_500 (1)

За да не изгуби од својата убавина, дозволете истовремениот оргазам да биде спонтан, а не да биде планиран и главна цел на водењето на љубов.

- Реклама -