Имаме две многу брзи и ефикасни решенија за вас, погледнете ги и испробајте ги.
Дали добивате Candy Crush и Farmville повици за играње преку Фејсбук?
Ако и вас ве заморуваат секојдневните барања од пријателите да играте онлајн игра со нив, еве како да завршите со ваквите барања, а тие да не бидат свесни. Вашите пријатели и понатаму ќе праќаат покани, но вие нема да ги добивате.
Во делот „Games“ од десната страна на фб страната ќе отворите „Activity” и потоа влезете во “Invites”. Тука преку “X” назнаката ќе ги отштиклирате сите игри за кои не сакате да добивате известувања.
Другиот начин е уште полесен. Во Facebook „Settings” пронајдете „Blocking“ опција и спуштете се до апликација, впишете во полето која игра ја барате, блокирајте ја и тоа е тоа.
Доколку имате некој побрз и подобар начин на блокирање на „games requests“, јавете ни во коментари или на Фејсбук.