Во овој сегмент „Како да бидеш вистински патриот“ ќе предложиме идеи кои можат да бидат корисни за нашето општество и за подобрувањето на животот во нашата држава.
Идеја 1: вистинските патриоти можат да помогнат да се реши проблемот со загадувањето!
Секој кој ја сака сопствената држава би требало да стане еколог.
Tоа е уште поочигледно во државите како нашата кои се соочени со многу еколошки проблеми. Зарем не го дишеме истиот воздух и не ја јадеме истата храна!? Ако се согласувате со тоа, еве неколку идеи како да станете вистински еколог!
Ако сте обичен граѓанин:
Ширете позитивни еколошки пораки преку социјалните медиуми
Споделувајте линкови со еколошка тематика
Купете садница и посадете ја или дајте ја некому кој сака да го направи тоа
Селектирајте отпад правилно
Не купувајте непотребни работи
Подарете ги работите кои не ги користите, наместо да ги фрлите
Не користете пластични кеси за пазарење
Користете платнени торби за пазарење
…
Ако имате повеќе финансиски средства или сте популарни:
Споменете барем една позитивна еколошка порака во вашите појавувања на стандардните медиуми
Купете еден куп садници и најмете некој да ги посади, ако не сакате да си ги валкате рацете
Финансирајте истражувања (дајте им пари на паметни деца кои немаат средства) за тоа кои дрвја каде треба да се садат за да се максимизира ефектот на прочистување воздух и филтрирање честички или да истражуваат други еколошка тематика
Помогнете финансиски да се санираат депониите и да се работи на подобра селекција и рециклирање
Понудете награда за најиновативна идеја за справување со загадувањето
Во сите кампањи може да се споменува вашето име, а сите граѓани ќе ви бидат благодарни и тоа позитивно ќе влијае на вашиот имиџ
Ако не се согласувате не мора да сторите ништо и работите ќе останат такви какви што се, но ако се обидете, можеби ќе се сменат на подобро.