Купивте квалитетна и скапа четка за коса која ги негува вашите влакна, но после само неколку користења на неа започнаа да се собираат влакна и нечистотии?Доколку сакате овој проблем да го решите брзо и евтино, пробајте го овој супер трик за кој ви се потребни само три работи:
-Чепкалка за заби или чешел
-Стара четка за заби
-Детергент за облека или шампон за коса
Постапка:
1. Со чепкалката или чешелот отстранете ги влакната од четката
2. Во еден сад наполнете топла вода и додадете малку детергент или шампон
3. Четката натопете ја во водата и оставете ја да накисне барем неколку минути
4. На четката за заби нанесете уште малку детергент или шампон и поминете го секој простор од четката за коса, меѓу секоја игла, триејќи темелно и внимателно. Оставете ја повторно во водата да отстои.
5. После десетина минути проверете дали нечистотиите се целосно отстранети, па доколку не е, повторете ја постапката со четката за заби.
6. Измијте ја четката во чиста, топла вода, и оставете да се исуши.