Додека Јарецот постојано го исклучува бојлерот и штеди струја, Вагата и Лавот се борат за огледалото. Девицата цеди свежи сокови, Близнаците секогаш нешто губат, а Рибата спие.
Виртуелна шега од непознат автор која кружи на интернет која на духовит начин открива како би изгледал животот ако сите 12 хороскопски знака се спојат едно утро во ист стан…
6:00 часот: Девицата станува и пред туширање го брише купатилото. По миењето на забите, четката ја става во стерилна кеса и ја става на посебно место, далеку од останатите четки.
6:15 часот: Јарецот станува и го исклучува бојлерот, поминал терминот за ефтина струја.
6:20 часот: Водолијата оди на утринско џогирање.
6:30 часот: Вагата и Лавот пред огледалото се борат за хидратантната крема и гелот за коса.
6:40 часот: Бикот доручкува Нутела со супена лажица.
6:45 часот: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.
7:00 часот: Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи сокови. Близнакот сеуште е во кревет, на мобилниот проверува e-mail, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
7:05 часот: Скорпијата ја остава вратата од бањата- Вагата излегува смртно навредена со несесерот во раце.
7:10 часот: Овенот станува и вклучува стоперица.
7:11 часот и 45 сек: Овенот е истуширан, облечен, среден, трча по скалите. Ја исклучува стоперката.
7:15 часот: Бикот со супената лажица ја струга теглата. Нема повеќе Нутела.
7:20 часот: Вагата и Лавот повторно имаат пресметка пред огледалото, последна проверка на изгледот и восхитот на себе самите пред да излезат.
7:30 часот: Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.
7:40 часот: Сите излегуваат.
7:45 часот: Близнакот се враќа, заборавил еден од трите телефони.
7:50 часот: Близнакот повторно се враќа, го заборавил паричникот.
8:00 часот: Рибата се буди и сфаќа дека ја заклучиле во станот.