Научниците од Универзитетот во Сиднеј создадоа необична карта на нашата планета. Тие ги “отстранија” океаните и покажаа различни геолошки карактеристики на дното.
И претходно беа правени обиди за да се моделира карта на Земјата без океаните, со тоа што последниот таков беше насликан рачно во 70-тите години на минатиот век. Постојат и карти, направени врз основа на сателитски податоци.
Новата дигитална мапа е создадена како резултат на анализа на 15.000 образци на морското дно, собрани во последните 50 години од истражувачки бродови од целиот свет.
Како што стои во белешката на авторите, картата има големо значење од гледна точка на екологијата и геологијата.
Претходно се сметаше дека поголемиот дел од дното на Јужниот Океан е покриено со варовнички наноси, но се покажало дека во не мала мера таму присуствуваат диатомови алги – едноклеточни планктони или перифотони организми.
Научниците претставија 13 основни состојки на дното, како глина, песок, кал, вулкански карпи, корали и др. Сите тие се означени со различна боја. Собрани на едно место, овие податоци овозможуваат да се проучуваат климатските промени во минатото и да се прогнозира состојбата на животната средина во иднина.