Филмот на Кристофер Нолан, „Interstellar“ беше апсолутен хит изминатата година, и ги воодушеви гледачите со прекрасните специјални ефекти. Галеријата која ви ја прикажуваме подолу, прикажува на кој начин беше снимана последната сцена (во библиотеката). За оваа соба која беше обликувана во четиридимензионална коцка, режисерот не користеше зелена позадина или некакви посебни ефекти. Напротив, со помош на светлината и декорот, тој се обиде да репродуцира реални ефекти, и успеа во тоа.