Како Беркамп и Морати му ги спакуваа куферите на Панчев

pancev1

Дарко Панчев е можеби најдобриот напаѓач кој некогаш се појавил на овие простори. Кога играше за Ѕвезда, ги кинеше мрежите на противничките клубови. Беше полн со самодоверба и имаше неверојатно чувство за гол. Остана легенда на Балканот, и горди сме што го имаме. Панчев остана синоним за расен напаѓач, но и за тоа колку погрешниот избор, може да влијае врз кариерата на еден топ играч.

darko-pancev
Титулите првак на Европа и на светот со Црвена ѕвезда, како и фактот дека три сезони по ред беше најдобар стрелец во југословенската лига, му обезбедија богат трансфер во Интер.
Италијанскиот гигант во текот на летото 1992 година и плати на Црвена ѕвезда тогаш огромни 14 милијарди лири (околу седум милиони фунти), за да ја донесе „кобрата“ во своите редови, а тогашниот претседател на клубот Ернесто Пелегрини, македонскиот напаѓач го спореди со познатиот Паоло Роси.
Сепак, новиот тренер Освалдо Бањоли немаше толку доверба во Панчев, и им даваше предност на Уругваецот Рубен Соса, миленикот на Италијанците Салваторе Скилачи па дури и на Русинот Игор Шалимов.
Панчев не успеа, а не му беше дадена ниту шанса да се прилагоди на стилот на фудбалот во Италија. Односот со тренерот Бањиоли беше толку нарушен што придонесе дури и локалната јавност да се сврти против Македонецот. Се сомневаше дека Панчев во неколку ситуации дури и глумеше дека е болен само за да го избегне седењето на клупата за резервни играчи. Во својата дебитантска сезона тој одигра 12 натпревари за „неразурите“ и постигна само еден гол, против Удинезе во јануари 1993 година. Нешто подобро му одеше во италијанскиот Куп во кој на пет натпревари четири пати ја затресе противничката мрежа.

Доаѓањето на Денис Бергкамп во Интер во текот на летото 1993 година го турна Панчев во уште поголема сенка. Во текот на сезоната тој не одигра ниту еден натпревар во дресот на „неразурите“ така што следеше шестмесечна позајмица на Панчев во Локомотива од Лајпциг.
Ни преселувањето во Бундеслигата не му помогна на Панчев, кој и во новиот тим имаше проблеми со ефикасноста. Тој даде само два гола во 10 настапи.
Промената на тренерот во Интер и доаѓањето на Отавио Бјанки значеше нов почеток за Панчев во сезоната 1994/95. Не почна лошо, головите за победата против Фиорентина и во поразот од Бари најавија дека би можеле да го гледаме стариот Панчев, но оваа сезона беше проследена со повреди поради што тој настапи во само седум натпревари во Серија А и се задржа на двата постигнати гола.

Заминувањето на Пелегрини и доаѓањето на Масимо Морати на претседателското место во Интер значеше крај за Панчев во тој клуб. Дојде понудата од Фортуна од Диселдорф која веднаш беше прифатена откако Панчев беше прогласен за едно од најлошите засилувања во историјата на клубот, како од страна на навивачите така и од медиумите.
По само една сезона помината во клубот од Диселдорф следеше преселбата во швајцарскиот Сион со кој Панчев во неговата проштална сезона ја освои двојната круна, но тој не даде голем придонес, откако одигра само пет натпревари без да постигне гол.

- Реклама -