Мајките и татковците се познати по тоа што пристапот кон децата и воспитувањето им е многу различен.
Исто така, момчињата и девојчињата покажуваат клучни разлики уште од мали нозе.
Додека момчињата се постабилни на своите нозе, девојчињата се повеќе зборлести.
Девојчињата речиси секогаш прозборуваат пред машките деца. Тоа е сосема нормално, таков е нивниот развој веќе со генерации и тоа родителите не можат да го променат.
Докажано е дека бебето обично порано ќе започне да зборува, доколку родителите многу им зборуваат. Но, тука е разликата во комуникацијата меѓу мајките и татковците. Татковците отсекогаш биле повеќе заинтересирани за игра и комуникација со раце, отколку за приказни, додека мајките неуморно му шепотат а своето бебе, додека не го слушнат посакуваниот збор, што најчесто е „мама“.
Истражувањето спроведено на 33 бебиња, кога имале едвај еден месец, било повторено кога истите тие бебиња имале седум месеци и потврдено е како мајките честопати остваруваат интеракција со ќерките, додека мажите почесто зборувале со синовите. Сепак мајките се тие што речиси 90 проценти од времето му говорат на детето додека е будно, додека татковците го прават тоа 30 проценти од времето.