Кака: Сакам да заминам

Кака изрази желба за заминување од Реал Мадрид, Бразилецот смета дека сега е вистинскиот момент за промена.

Кака на Сантијаго Бернабеу е од 2009 година, но никогаш не успеа да ја повтори формата од Милан и да ја оправда големата сума која Реал Мадрид ја одвои за неговите услуги.

Бразилецот беше двоен стрелец на синоќешниот пријателски натпревар против Депортиво Ла Коруња, по кој изјави дека сака да си замине од клубот.

„Сакам да заминам. Мислам дека сега е вистинскиот момент за мене и клубот да се разделиме” – вели Кака.

„Зборував со Анчелоти и со клубот, сите знаат”.

„Работите не се најдобри за мене во тимот, и клубот знае што сакам”.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

„Јас ќе продолжам да работам и да тренирам, но мојот татко веќе работи на трансфер. Мислам дека тоа е најдобро за мене и клубот”.

По изјавата на Кака се јави и Адриано Галијани кој вели дека Бразилецот секогаш е добредојден во Милан.

„Кака од секогаш бил во нашите срца, ќе видиме дали е можно тој да се врати”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -