Кака се враќа во Бразил

Некогашниот најдобар светски фудбалер Рикардо Кака има понуди од три бразилски клуба да се врати во својата земја, со оглед дека во Реал Мадрид не ја добива вистинската шанса.

Може да се случи тој да одлучи да си замине од „Сантијаго Бернабе“ уште во зимскиот преоден рок, пред сѐ за да се наметне кај новиот селектор на „Кариоките“, Луис Фелипе Сколари и да обезбеди место во репрезентацијата за настап на СП 2014 во Бразил.

Шпанскиот тиражен спортски дневник „Марка“ објави дека за Кака се заинтересирани три бразилски клубови, и тоа: Сао Паоло, Коринтијанс и Сантос.

Кака во Сао Паоло ја почна својата кариера, од каде потоа во 2003 година се пресели во редовите на Милан, Таму ги доживеа магичните моменти и стигна до наградата на ФИФА за најдобар светски фудбалер во 2007 година.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Но, откако две години подоцна се пресели во Реал Мадрид, не успеа да се снајде најдобро и се чини дека не ја доби вистинската шанса за тоа. За репрезентацијата на Бразил досега има одиграно 85 натпревари и има постигнато 29 голови.

- Реклама -