Како Дизни ликовите патуваат низ времето?!

Со приказните на Дизни пораснаа многу генерации. Сепак,  колку пати и да ги гледаме истите секогаш умеат да го задржат вниманието, за што можеби главен фактор е носталничноста кон времињата од  детството и насмевката која ја изнудува  перцепцијата која сме ја имале тогаш. Како и да е, сигурно малкумина забележале дека во нив се појавуваат „елементи“ од друг цртан. Погледнете кои се тие.

Играчка во ординација

d1

„Finding Nemo“ (Барајќи го Немо), повикува на „Тоy Story“ (Приказна за играчките). Во стоматолошката ординација, оваа мала кукла од мега-популарниот филм со играчки  можеме да ја забележиме на кратко.

Шифра – А113

d2

Овој број може да се пронајде сокриен во речиси секој Disney/ Pixar  филм. Потекнува од бројот на  собата каде аниматорите се обочувале, започнувајќи од Pixar, паралелно со влезот на продукцијата во Disney се вовлекува и таму, па може да се забележи се до филмови како Симпсонови.

Аладин

d3

Во Аладин има сцена во која Џинот  и Аладин се обидуваат да дознаат како да се освои Принцезата Јасмин. За момент, Џинот ја трансформира неговата глава во Пинокио.

Немо во чудовишта

d4

Во „Monsters Inc” (Чудовишта) една од играчките на Бу, е оваа мала рипка, што сигурно ја препознавате.

Херкулес и Скар

d5

Во Херкулес има една незаборавна сцена со лав кој е идентичен како Скар од  „The Lion King“ (Кралот Лав). Ова е можеби најдолгото појавување на Дизни лик во друг филм.

Ѕвонарот на Богородичната црква

d6

За време една од сцените има повеќе карактери кои се преплетуваат. Магичниот килим на Аладин, Бел од Убавицата и ѕверот и Пумба од Кралот Лав.

Неверојатните

d7

Во една од сцените во ординацијата од Барајќи го Немо, има навистина краток момент со дете кое чита стрип. Ако погледнете од поблиску, ќе забележите дека се работи за Mr. Incredible (Господин Неверојатен), креиран според филмот „Тhe Incredibles“ (Неверојатните)

Ѕвер играчка

d8

Доколу се сеќавате, Султанот од Аладин имаше хоби да реди фигури од животни. Во оваа сцена  има мало ѕверче од „Beauty and the Beast”(Убавицата и ѕверот)

Магичен лет

d9

Во „Princess and the Frog” ( Принцезата и жабата) можете да забележите момент во кој жена го тресе својот килим на тераса. Дизајнот е всушност идентичен со магичниот килим од Аладин.

 

- Реклама -