Еден месец се гласаше за онлајн музичкиот фестивал „Јуромјузик контест”, чие што финале ќе се одржи на 30 јуни, во Париз, Франција.Иако Даниел Кајмаски победи поради гласовите на публиката, тој нема да отпатува на изборот бидејќи нема авторски песни. Факт е дека Даниел во моментов е најактуелен по регионалниот X factor и публиката го обожава, но се уште не му е местото онаму каде се бара учество на веќе истакнати пејачи кои што имаат албуми и неколку годишна кариера зад себе. Дефинитивно, Даниел можеше да ги почека своите 5 минути, дозволувајќи и на естрадата да се избори за своето учество.
Голема вина имаа и дел од Македонските медиуми, кои што објавија начин за гласање за Даниел, пред се фаворизирајќи го единствено него, а потоа без да ги прочитаат правилата на фестивалот, па и да земат во предвид дека Јаневска била директно поканета како претставник на овој европски натпревар.
Така сега Македонија нема свој претставник, а за малку ќе заминеше Адријана Јаневска, бидејќи како што дознава Трачарка, второпласираниот Александар Белов бил дисквалификуван поради тоа што не ги исполнил условите за транспарентно гласање на публиката, па „направил лајкови“ преку ноќ.
На оваа тема неодамна проговори Адријана Јаневска за медиумите во земјава:
„За жал, Македонија и нејзиниот претставник Даниел не најдоа место меѓу 10-те финалисти. По покана од организаторот, зедов учество на овој фестивал. Се разбира, како и секој Македонец кој добил шанса да се претстави пред Европа, очекував поддршка од моите фанови, пријатели и колеги. Дваесет и пет дена бев на првата позиција во цела Европа, но последните неколку дена пред да биде затворено гласањето, се беа пријавиле уште 50-мина пејачи од Македонија. Меѓу нив, Александар Белов и Даниел Кајмакоски се бореа за првата позиција. На крајот, Даниел заврши прв, јас втора. За жал, Даниел Кајмакоски не беше одбран да ја претставува Македонија, веројатно, поради тоа што правилата налагаа песните со кои си се пријавил да бидат авторски оригинални. Би сакала да му честитам за освоеното прво место во Македонија и му посакувам голем успех. Член сум во неговата фан-група и ги следам случувањата во неговата кариера, па верувам дека наскоро ќе н израдува со некоја песна, во која ќе блесне сиот негов раскошен талент. Го прифатив извинувањето на сите негови фанови кои ми пишуваа погрдни зборови на мојата фан-страница и на мојата приватна Фејсбук-страница”, ни изјави Андријана Јаневска.
За Македонија, повеќе среќа следната година.