Just Sul („Само Сул“) e 44-годишен инженер од Индија и на Инстаграм го следат над 2.3 милиони луѓе, а не е ни Боливуд селебрити, не глумел ни во Малечката невеста, не е ни крикет играч, не е ни стенд-ап комичар мигриран во САД. Тогаш зошто го следат? Па, освен смешните видеа (за кого како, додуша) и тоа што сака хип-хоп, го сакаат и зашто често трола познати. Омилен му е Џастин Бибер изгледа.