Кафулињата отвораат, полицискиот час останува

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести не се дискутирало за скратување или укинување на полицискиот час, ниту пак за нови мерки, пренесува „Фактор“. Граѓаните, како и досега, смеат да излегуваат само од 05 до 19 часот.

На состанокот единствено се разговарало за можното отворање на кафулињата и угостителските објекти, кои најверојатно ќе бидат отворени во петок или сабота. Дефинитивната одлука ќе се знае утре.

Комисијата реагирала дека е потребна зголемена контрола во моловите, бидејќи забележан е зголемен број луѓе и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, како неносење маски, така и непочитување на протоколите.

 

- Реклама -