Кафич со бесплатна храна, пијачки и Wi-Fi? Па, така нешто

kafic1[1]

Во Манчестер, на северот на Англија, постои малку необичен кафич, во кој гостите не плаќаат пијачка, храна, а уште помалку Wi-Fi. Ама плаќаат време.

Ziferblat е простран и со домашна атмосфера, со удобни софи и лежерни фотелји, а во во споменатите удобности можете да уживате буквално неограничено. На излезот ќе го платите само времето на престој, и тоа по цена од 6 пени по минута (4.11 денари по минута).

Новиот концепт воведен од сопствениците прво заживеа во Русија, а малиот ланец на локали сега се шири и во Велика Британија. Првиот е отворен во Лондон пред две и пол години, па во Ливерпул и Манчестер, а во меѓувреме се подготвува отворање на уште неколку такви.

Што викате, ви се исплати?

kaf1 kaf2 kaf3 kaf4 kaf5 kaf6

- Реклама -