Денес, се чини, луѓето се свесни за улогата на исхраната во здравјето повеќе од било кога, а тоа резултира со постојани статии за здрави намирници, но истовремено и со константно преиспитување на здравствените ефекти на конкретни намирници.
Најновото истражување, на пример, вели дека слободно можете да пиете по една или две, па и повеќе шолји кафе дневно, за разлика од претходните истражувања кои наведуваа низа негативни ефекти.
Во оваа нова студија биле вклучени речиси 20.000 испитаници, а резултатите покажуваат дека луѓето кои консумирале по 4 шолји кафе дневно имаат 64% помал ризик од рана смрт споредено со оние кои никогаш не конзумирале кафе.
Намалениот ризик од прерана смрт бил понагласен кај луѓето со наполнети 45 години, заради што научниците заклучуваат дека конзумирањето кафе е покорисно за луѓето во постаро животно доба.
Овие резултати се совпаѓаат со резултатите од уште едно големо истражување објавено неодамна, во кое исто така беше потврдено дека тие што пијат кафе живеат подолго.
Студијата покажува и дека кафето го намалува ризикот од многу болести, вклучувајќи дијабетес тип 2, болести на црниот дроб, колоректален карцином, карцином на кожата, и Алцхајмер. Една од причините е што кафето е полно со антиоксиданси, вели Џо ДеРупо – претставник на Националната асоцијација за кафе, пренесува CNN.