Уметникот Мајкл Арон Вилијамс стекнува сè поголема популарност со своите брилијантни цртежи.
Наместо боја, тој користи кафе и со помош на четка создава импресивни портрети.
Интересен е и неговиот избор на платно – не станува збор за обична хартија, туку за сметководствени документи кои датираат од почетокот на минатиот век. Документите, вели тој, ги пронашол во напуштена продавница, во сопственост на негови роднини.
Откако завршува факултет за “Ликовни уметности” во Алабама, а потоа и магистрира во Мисури, САД, Вилијамс продолжува да го развива својот талент, а неговите слики учествуваат на изложби низ цела Америка и пошироко.
Не пропуштајте да го погледнете и видеото во кое ќе го проследите процесот на создавање на овие убави цртежи.