Од страв дека би ги користеле футуристичките очила, Google Glass, за снимање и собирање на податоци без дозвола, сопствениците на кафе баровите во САД, го забрануваат нивното носење во локалите, а нив подршка им дадоа и сопствениците на казината, театрите и ноќните клубови.
Дејв Мајнерт, сопственик на кафе барот 5 Point Café во Сиетел, вели дека сите што носат Google Glass очила мора да ги извадат, доколку сакаат да влезат во локалот. Тој на ѕид поставил објаснување: ” Почитувајте ја приватноста на нашите муштерии, затоа што и ние очекуваме и тие ја почитуваат вашата”.
Овој чекор следеше после објавувањето од сопствениците дека не сакат да се прават снимки со Google Glass, па се одлучиле да се забрани носењето на очилата во американските театри, казина, па дури и во парковите.
Очилата моментално се на пазарот во ограничен број, 2000 примероци по цена од 1500 долари, а во поголем број ќе бидат достапни до крајот на годината. Камерата на очилата може да снима фотографии или видео записи без црвено светло или звук дека се фотографира, за да ги предупреди другите, што предизвика стравување за нарушување на приватноста.
Сопствениците на казината стравуваат дека футуристичките очила може на измамниците да им помогне неправедно да победат, а на театрите дека гледачите може нелегално да снимаат филмови и да ги продаваат како пиратски копии. Персоналот од стриптиз баровите велат дека секој со Google Glass ќе го исфрлат. Парковите и банките во САД исто така чекаат да видат на кој начин оваа технологија ќе се користи пред да одлучат дали ќе ја збаранат нивната употреба или не.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk