Каде и зошто исчезнаа документите за прислушкувањето на Тито?

Постојат настани, имиња и последици од настаните. Погледнете ги имињата. Дали е случајно што истите луѓе кои во 1966 година без задолжени за уривање на Александар Ранковиќ, во 1991 во Хрватска и во Србија беа поддржувачи и промотери на Туѓман и Слободан Милошевиќ.

Сето ова што последниве 30-тина години, практично од распадот на Југославија до денес го гледаме и доживуваме како национални, економски и лични трагедии има свој корен. И свој почеток. Југославија беше држава на т.н. отворен социјализам, со еднопартиска комунистичка власт но, со значителни слободи во говорот, движењето, економијата и личните слободи во однос на другите држави водени од комунистите.

Она што и недостауваше беше само трансформација во слободно, повеќепартиско општетво како што тоа го направија во Полска, Унгарија или малите балтички држави. Југославија имаше покана и беше на чекор од Европската зедница, денес ЕУ, но етничките и национални лидери го спречија тоа за да создадат свои мали, племенски држави во кои тие ќе бидат неприкосновени лидери.

Тезата дека во фередативна Југославија не можеле да се изразат националните стремежи и идентитет добива одговор во добровлното предавање на самостојноста и идентитет на сите поранешни републики во рацете на ЕУ и НАТО. Југославија, а во неа и Македонија, денес можеше да биде член на ЕУ, па и на НАТО но, тие кои одлучуваа сакаа патот до таму да биде поинаков. Ризичен и незивесен. Пат на кој тие, и токму тие. ќе го наплатат својата племснко водство со речиси неограничена власт за да не донесат на истата точка на која бевме и претходно. Патем, низ четири војни, црна транзиција, над 200.000 загинати и до слепило скарани меѓусебе.

Еден настан имаше клучно влијание врз распадот на Југослаија, пореметување на балансот помеѓу внатрешните сили, создавање на национализмот во седумдесеттите, албанскиот сепаратизам во осумдесеттите и, на крајот, војните на почетокот на деведесеттите. Влијане врз разбивањето на системот и преземањето на државната политика во раце на радикланите националисти.

Тој настан е Брионскиот пленум во 1966 година. Настан на кој се одлучувало, судело за наводното прислушкување на Тито од страна на УДБА, предводена од Александар Ранковиќ, кој потоа е сменет, а севкупната власт во Југославија набргу ја преземаат хрватските комунисти кои се пред и по војната школувани во советската КГБ. Со Уставот од 1974 година го создаваат Косово како централен југословенски проблем за тензии во Србија, Македонија и Црна Гора, и преку тој проблем од Загреб владеат со ситуацијата во таа тензична југословенска половина.

Зачудувачки е што ни ден денес ја нема документацијата за наводното прислушкување ниту заклучоците од тоа. Како што ја нема ни документацијата за прогонот во времето на Информбиро, и страдањето на околу 20.000 затвореници во логорски услови, и тоа без ниту една валидна судска пресуда. По секое обвинение на Голи оток се одело со години во логор заради пресуден – прекршок. Сите обвинети се и осудени, нема ослободителни пресуди. И нема жалби кои се усвоени.

Селим Нумиќ во времето на Брионскиот пленум во јуни/јули 1966 бил на компетентна функција: началник на управата за прислушување при УДБА, и помошник на сојузниот министер за внатрешни работи Хрватот Милан Мишковиќ (брат на началникот на воената КОС, Иван Мишковиќ).

Накусо, тој во тоа време бил најупатен во состојбата со случајот. Испитуван е, иако е тоа надвор од законските овластувања, од офицери на КОС. Понудена му е соработка да биде во функција на докажување дека тој, по налог на потпретсдетаелот Ранковиќ, поставил, и користел уреди за прислушкување во приватните простории на Тито и Јованка, како и на тогашниот претседател на сојузното Собрание, Словенецот Едвард Кардељ… Но, тој одбива таква соработка – УДБА не прислушувала, а и не можела, бидејќи КОС била единствена служба која имала контрола врз Белиот двор на Тито, и “Ужичка улица” – резиденцијата на маршалот.

Хрватски Телеграм во поширок напис објавен на 24.3.2016 година, пренесува изјава на Иван Мишковиќ, тогашен раководител на воената КОС, и брат на првиот човек на полицијата Милан Мишковиќ дека никогаш не се најдени докази, снимки или било каков друг материјал од кој би се видело дека Тито е прислушкуван. Едноставно, тоа не ни било фокус на Брионскиот пленум, централна точка било политичка елиминација на двајцата тогаш најсилни српски политичари: Алекандар Ранковиќ, во тоа време по Тито тој бил втор човек во Југославија и  Светислав Стефановиќ, од 1953-1963 година министер за внатрешни работи.

По четири месеци затвор, откако Брионскиот пленум ќе си ја заврши својата функција: смена на Ранковиќ, и расформирање на УДБА, како и трансформација од Управа во Служба – СДБСелим Нумиќ е помилуван со посебна одлука на владата и Тито. Но, него тоа не го задоволува.

Наредните 20 години, тој заедно со своите колеги ќе врши сопствена истрага, и ќе докаже: Немало прислушување, се било измама. Словенците Едвард Кардељ и Еди Брајник, заедно со Хрватите Иван Крајачиќ и Бакариќ монтирале постапка за смена на Ранковиќ, кој со години наназад се споменувал за најсигурен наследник на Тито

Целиот текст прочитајте го на Вечер.мк

- Реклама -