Каде живеат најмногу милијардери?

Во Азија живеат најмногу милијардери отколку на другите континенти, а зад неа следат Сверна Америка и Европа, објави кинескиот магазин „Hurun Report“.

Во светот во јануари имало вкупно 1 453 луѓе чие богатство надминува милијарда. Азија има 608 милијардери, Северна Америка 440, а Европа 324.

САД и Кина доминираат по бројот на милијардери со 408 и 317 граѓани на листата, а зад нив следат Русија, Германија и Индија.

Мексиканскиот магнат Карлос Слим (73) е најбогат човек на планетата со богатство од 66 милијарди долари. Слим, исто така, се наоѓа на врвот на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе за минатата година.

CARLOS SLIM2

Американскиот инвеститор Ворен Бафер и Аменцио Ортега од Шпанија, основачот на брендот „Зара“, се следни на листата на „Hurun Report“.

Се проценува дека вкупното богатство на светските доларски милијардери е 55 илјади милијарди, отприлика колку што е вредноста на јапонската економија.

Недвижностите, телекомуникациите, медиумите, технологијата и малопродажбата се најчест извор на богатството на милијардерите, наведува магазинот.

Руперт Хугеверф од „Hurun Report“ вели дека реалниот број на милијардери во светот би можел да биде три пати поголем затоа што многу супербогаташи го кријат своето богатство.

- Реклама -