Поради љубовта на оваа баба и овој дедо која што трае 68 години, болницата го прекрши своето главно правило.
Да спие без својата сопруга, било едноставно неприфатливо за господин Кларк, 96 годишен старец кој тврди дека последен пат спиел сам пред 50 години.
Господин и госпоѓа Кларк, кои се во брак веќе 68 години, неодамна беа на редовна контрола во иста болница во САД, во која требало да поминат неколку дена. Меѓутоа, бидејќи биле сместени во различни соби, 96 годишниот Том наишол на проблем.
„ Јас едноставно не можам да живеам без својата жена“, се пожалил Том на медицинскиот персонал.
„ Не сме биле раздвоени, уште од војната во Кореја. Таа е за мене најдобрата личност на светот“, се пожалил романтичниот дедо.
За да им излезат во пресрет, медицинските лица решиле да им овозможат „специјален третман“ и да ги сместат еден крај друг.
„И онака речиси воопшто не седеше во својата соба. Беше во состојба да седи по цел ден крај својата сопруга“, вели една медицинска сестра.
Некои приказни, навистина заслужуваат да бидат посочени како пример за истрајност, доверба и почит. Зарем тоа не е зрелата љубов?