Животот на модна писта, филмската сцена и црвениот тепих не е лесен, па така и ѕвездите имаат потреба од омор. Интервјуата, автограмите, папараците – сето тоа е доста вознемирувачко. Затоа многу ѕвезди заминаа на одмор во текот на летото, а вечниот фаворит меѓу знаменитостите е дестинацијата Сен Тропе (Франција). Пристанишниот град на француската ривиера привлекува многу ѕвезди. Закотвени ова лето таму се Силвестер Сталоне на јахта, дизајнерот Карл Лагерфелд, како и богаташката Никол Ричи. Стивен Тајлер, вокалот на Aerosmith (65) пак го обожава Рим и уживаше на Пјаца дел Пополо, свирejќи на гитара. Вистинските рокери никогаш не одмараат.