Изборот на детергент за бели, црни и шарени алишта, температурите и изборот на омекшувач не се единственото на кое што мораме да обрнуваме внимание при вклучувањето на машината за перење.Неретко правиме грешки за кои сме самите виновни, а поради кои што нашата облека не е онолку чиста колку што би требало да биде.
Ставете премногу облека – подобро да вклучите една полна, отколку две машини? Не е точно. Ако претерате облеката нема да биде добро испрана.
Претерувате со детергент – Повеќе детергент не значи дека облеката ќе се испере подобро. Остатоците од детергент ќе се соберат на облеката, па нема да има можност правилно да се распореди. Можеби на памук не е воочливо, но на синтетиката и ткаенината, сигурно!
Претерувате со омекшувач – Сите сакаат миризлива облека, но претерувањето може да ја направи леплива. Освен тоа, премногу омекшувач ќе и создаде на ткаенината маснотија која потоа со миењето може тешко да се отстрани.