Започна европската фудбалска сезона, а со неа и сите бизниси поврзани со “големата игра”.
Споредбата помеѓу најголемите првенства во Европа – оние во Велика Британија, Шпанија и Германија, даваат одговор на прашањето каде се најголеми бизнисите поврзани со фудбалот. Трите првенства имаат огромни приходи од телевизиските права.
Генерален спонзор на првенството во Шпанија е Telefonica, која платила 600 милиони евра за правата. Благодарение на популарноста и интересот кон двата водечки фудбалски клубови – Реал Мадрид и Барселона, компанијата се надева дека ќе реализира уште 600 милиони евра од инвестицијата преку продажба на правата на меѓународните пазари.
Англиската Премиер Лига е со најголеми приходи од телевизиските права. Компаниите Sky и BT платиле рекордни 7,1 милијарди евра за три сезони однапред. Сите овие средства им помагаат на тимовите во лигата да плаќаат рекордни суми во форма на трансфери и плати на своите играчи.
Општо земено англиските тимови трошат 2,3 милијарди евра во сезона, шпанските 1,2 милијарди долари, а германските клубови трошат 1,1 милијарди долари по сезона.
И иако германските клубови трошат најмалку средства, првенството во земјата се одвива меѓу засегнатите страни. Во просек 43 000 гледачи ги гледаат натпреварите од првенството – во голема мера и благодарение на фактот што цените на билетите за натпревари се и најниски меѓу трите анализирани страни.
Најголем победник останува Англија и нејзината Премиер Лига. Вкупните приходи на првенството се во износ од 3,9 милијарди евра, благодарение на рекордните телевизиските права за првенството.