Каде е најдобро да си пензионер?

Не, не е во Македонија. 🙂

International Living направи листа на топ 25 земји во кои луѓето сакаат да се пензионираат. Изненадувачки (како не), речиси сите од фаворитите се сончеви и егзотични локации.

За најпожелна земја за пензија е избран Еквадор, и покрај тоа што е дури на 65-тото место на скалата на „квалитетен живот“, според Independent. Сепак, примамливата клима и достапното здравство се чини се сосема доволни за една земја да се најде на врвот на листата.

Virgen_de_Quito

Интересно е што дури четири од топ петте земји на листата се во Латинска Америка. Од друга страна, ниту една од топ петте најбогати земји според БДП во 2014 (Кина, САД, Индија, Јапонија и Германија) воопшто не се најдоа на листата, а нема и голем дел од развиените европски земји, како Британија на пример.

Во продолжение погледнете ги сите 25 земји избрани за „пензионерски рај“:

1. Еквадор
2. Панама
3. Мексико
4. Малезија
5. Костарика
6. Шпанија
7. Малта
8. Колумбија
9. Португалија
10. Тајланд
11. Италија
12. Уругвај
13. Белизе
14. Никарагва
15. Нов Зеланд
16. Бразил
17. Франција
18. Ирска
19. Хондурас
20. Чиле
21. Доминиканска Република
22. Гватемала
23. Филипини
24. Камбоџа
25. Виетнам

- Реклама -