Каде да ги сместите чантите?

Чантите се најголемата слабост  кај голем број  жени. Затоа тие заземаат значителен  дел од гардероберот, а понекогаш се наоѓаат и на места  надвор од него. Еве неколку идеи каде да ги сместите чантите, а секогаш веднаш да ја пронајдете потребната.
Под креветот

Најлесен начин е да ги чувате чантите под креветот, особено ако немате голема и удобна фиока. Чантите се подредуваат легнати, но по одреден знак за брзо селектирање на потребната – на пример, во боја, големина, повод, сезона. Оние кои се назад или кои што ги користите поретко, може да ги покриете со памучна крпа или да ги ставите во некоја кутија, за да ги заштитите од домашната прашина.

Women-Bags

 

Полица за чанти

Сонот на секоја љубителка на чантите е посебна полица за нејзините најдраги. Димензиите на полицата зависат од просторот. Можете да направите полици кои ќе бидат поделени на на квадратни или правоаголни сектори. Во секој од нив се става по една или две торби. Друга можност е да искористите кутии за  чевли, да внесете малку креативност и да ги разубавите, потоа наредете ги каде што имате простор и во нив сместете ги чантите.  Така нема да губите време во потрага по совршена комбинација.

beautifullyorganized-handbags2

 

Закачалки за торби

Како да ги примените  закачалките за торби?  Можете да изберете вертикална и да ја закачите на позадината  на вратата од спалната соба, плакар или пак од внатрешната страна на гардероберот. Методот е погоден, бидејќи чантите се ставаат една под друга, без да мора да ги сортирате по знак , а сите  ви се при рака. Другата опција е да изберете хоризонтална закачалка која ќе ја закачите на некој од ѕидовите во спалната соба.

Доколку се одлучите за ваква опција ви порачуваме да изберете лакирана рачка или дрвена основа во светла боја, за да изгледа закачалката  свежо.

gifts

 

Закачалка од ткаенина

Некои претпочитаат да ги чуваат своите омилени чанти на закачалка од ткаенина. За да ја направите потребни ви се две правоаголни парчиња ткаенина кои ќе ги замотате врз старата закачалка и ќе ги сошиете. Имено, ова е многу интересен начин не само за чантите, туку суштински да ја проментите визуелната внатрешност на вашиот гардеробер.

Final hangers

 Правила за чување на чантите

Држете ги чантите наменети за другите сезони  во кутии, за да не собираат прашина.

Ако некои чанти ги носите поретко (1-2 пати годишно), наполнете ги со весници или со отсечени парчиња ткаенина од стари алишта, за да не се искриват.

Секогаш пред да ја извадите  чантата, проверувајте што останува внатре.  Заборавените предмети – оставени подолго време, на пример,  шминки, парфеми или хемикалии можат да се разлеат  и да го уништат  вашиот омилен моден додаток.

4041650321_e625c79f67_o

- Реклама -