Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со личните документи и патните исправи. Во однос на комуникацијата со Грција, може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека „претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“.
„Како што и претходно информиравме, претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието. Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, посочуваат од Кабинетот на претседателот на државата.